Задачата
Хедера Фарм+ сакаше да ја однесе својата аптека од Струмица онлајн — вистинска продавница, не брошура: производи за прелистување, нарачки, достава и содржина што ги враќа купувачите. Во 2026 ја редизајниравме продавницата од темел.
Што изградивме
Комплетна Laravel + Vue е-commerce платформа за аптекарска продажба:
- Продавница — продуктни кампањи во херо делот, барани, популарни и производи на попуст и мени со категории што опфаќа сè од додатоци во исхрана до бебешка нега и козметика
- Купување — истакнато пребарување производи, жив преглед на кошничката, едноставна наплата и кориснички профили
- Локална достава — бесплатна достава над 2.000 денари низ цела Македонија, плаќање при достава и враќање во рок од 15 дена, јасно истакнати
- Операции со нарачки — админ процес каде секоја нарачка се прегледува, одобрува или откажува и се фактурира, со автоматски е-маилови за нарачка и откажување — изграден според тоа како навистина работи една аптека
- Содржина — интегриран здравствен блог и newsletter кампањи со отпишување
- Админ — производи, категории, нарачки, корисници, слајдер на почетната, блог и податоци за компанијата, сè самоуправувано
- SEO — sitemap и чисти URL-адреси за секој производ и статија
Резултатот
Аптека отворена 24/7 — купувачите нарачуваат онлајн со брза локална достава, а тимот ја води целата работа од еден панел.